Во текот на ноќта во Тајланд изведени 36 напади, двајца војници загинаа, а шестмина се ранети

Од:

Двајца војници загинаа и шестмина се ранети во експлозија на поднетната бомба на пат, во еден од 36-те напади изведени во текот на ноќта во тајландската покраина Патани, соопшти полицијата.

Командирот на полицијата, Манит Јимсаи, изјави дека бунтовниците активирале импровизирана експлозивна направа, сокриена на патот во округот Панарае, во покраината Патани, бидејќи војниците, со две оклопни возила, тргнале да ја согледаат висината на штетата од еден претходен напад на екстремистите.

Во нападот е оштетен и едниот од двата транспортери, пренесуваат американските медиуми.

Нападот врз воениот конвој е само еден од 36-те напади во текот на ноќта во оваа јужна тајландска покраина.

Полицијата соопшти дека екстремистите палеле гуми, мобилни караули, телефонски говорници, згради и камери за набљудување, но не биле пријавени уште жртви.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога