Двајца војници загинаа и шестмина се ранети во експлозија на поднетната бомба на пат, во еден од 36-те напади изведени во текот на ноќта во тајландската покраина Патани, соопшти полицијата.
Командирот на полицијата, Манит Јимсаи, изјави дека бунтовниците активирале импровизирана експлозивна направа, сокриена на патот во округот Панарае, во покраината Патани, бидејќи војниците, со две оклопни возила, тргнале да ја согледаат висината на штетата од еден претходен напад на екстремистите.
Во нападот е оштетен и едниот од двата транспортери, пренесуваат американските медиуми.
Нападот врз воениот конвој е само еден од 36-те напади во текот на ноќта во оваа јужна тајландска покраина.
Полицијата соопшти дека екстремистите палеле гуми, мобилни караули, телефонски говорници, згради и камери за набљудување, но не биле пријавени уште жртви.