Во тек преговорите за посетата на експерти на ОН на Сирија

Од:

Експерти на Обединетите нации се подготвени да ја посетат Сирија за да ги истражат тврдењата дека во земјата е употребено хемиско оружје, но спогодбата со сириските власти се уште не е постигната поради недостиг од гаранции за нивната безбедност.

Претставниците на ОН треба да посетат три објекти. Едниот е Хан ал Асал во Алепо, каде според сириската Влада бунтовниците употребиле хемиско оружје во март. Другите две места се уште не се соопштени.

Во Сирија вчера загинаа 18 бунтовници во судири покрај Морек во централната провинција Хама. Градот се наоѓа покрај главната магистрала, која води од Дамаск до северна Сирија.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години