Тајландската полиција денеска соопшти дека запленила дрога во вредност од околу 54 милиони долари и уапсила 11 лица. Тоа е до сега најголема акција на тајландските безбедносни власти.
Најновата конфискација на дрога се случи синоќа во северната провинција Чианг Раи, на границата со Лаос.
Војската и полицијата пронашле 9,4 милиони таблети метамфетамини и 788 килограми кристал метамфетамини во камион, што бил напуштен.
Тајланските власти на 28 март запленија 700 килограми метамфетамини.
Полицијата вчера уапси и Тајланѓанка која се враќала од Етиопија со 50 пакетчиња кокаин скриени во телото.
Претходно беше објавено дека тајланските власти заплениле дрога вредна 29 милиони долари.