На патиштата во Тајланд во досегашните три дена од прославувањето на Нова година во 1.691 регистрирани сообраќајни несреќи загинале 178, а потешко се повредени 1.755 луѓе. Најголем број од нив настрадале возејќи се со мотори, најчесто без кацига на главата и многу често преалкохолизирани.
Бројката на сообраќајките и жртвите се помали во споредба од минатата година, но не се дефинитивни, бидејќи утре повеќе милиони славеници се враќаат дома.
На националната телевизија денеска министерот за здравство Пијасокол апелираше да се вози безбедно, а на патиштата денеска и утре ќе има три пати повеќе припадници на сообраќајната полиција од вообичаеното.
Тајланд по бројот на сообраќајни незгоди и жртви на патиштата е на неславното трето место во светот. На 100.000 жители по бројот на сообраќајки и жртви пред Тајланд се само Еритреја и Либија.