Во Тајланд повторно се размислува за одложување на изборите

Од:

Највисоките соработници на премиерот Прајут Кан-ока од вчера и денеска ја бомбардираат тајландската јавност со изјави според кои воената хунта сака да ја предаде власта на цивилна влада на избори што се планираат за идната година, но од армиските кругови задолжени за изготвување на нов Устав денеска стигна соопштение според кое Националниот Совет за реформи не е сигурен дека на време ќе биде изготвен нацртот на наовиот Устав и дека тој прво ќе треба да оди на референдум. Тоа бизначело ново одложување на општите избори, порано најавувани за есента оваа, а покасно за септември 2.016 година.

Заменик премиерот во владата воспоставена по воениот удар од мај минатата година  Висану Креа-нгам денеска изјави дека привремената влада „ не е многу заинтересирана да остане на власт, но дека тоа ќе мора да го прави се додека не се остварат целите на патот кон демократијата што ги прокламира воената хунта по ударот’’. Тој нагласи дека генералот Прајут и неговиот тим се цврсто решени да направат се то им ветиле на граѓаните, а тоа, можеби, ќе значи дека изборите наместо во септември 2.016 би се одржале во мај, или јуни наредната година.

Од кабинетот на премиерот Прајут денеска стигна и известување дека тој размислува пред референдумот за нов Устав да одржи серија разговори со раководствата на спротиставените политички партии, чија активност сега е забранета. Поддавање на рака од страна на генералот Прајут на политичарите кои тој ги наведува како главна причина за воведување на воена управа во сијамското кралство ги изненади најголемиот број аналитичари на состојбите во Тајланд, но има и такви кои сметаат дека најавата на генералот е очекувана, но дошла пред очекувањата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач