Во Тајланд почнаа најголемите воени маневри во Азиско-Тихоокеанскиот регион.
Над 130.000 војници од шест држави меѓу кои САД, Јужна Кореја и Јапонија учествуваат во маневрите што се одржуваат по 35-ти пат.
Освен воени дејствија, за време на маневрите наречени – Златна кобра, ќе се извршуваат операции за хуманитарна помош и помош при природни катастрофи.