Во Тајланд откриени 21 нови сурогат бебиња

Од:

Во рација во приградска населба на Бангкок полицијата откри уште 21 бебе на возраст од четири до 10 месеци, кои според документите имаат имиња и презимиња со јапонско или англиско потекло, што со сигурност укажува дека се дел од комерцијалните договори со сурогат мајки од Тајланд.

Во истиот кварт минатата недела полицијата откри девет бебиња во чии документи било напишано дека таткото е извесен Јапонец. Тој, со едно бебе, успеал да избега од полицијата.

Од Сиднеј денеска во Бангкок пристигна протест на адвокатска канцеларија која се бавела со посредување за наоѓање на сурогат мајки во Тајланд и во Индија. Според нив, тајландските власти немале право да запрат неколку нивни клиенти од Астралија и САД и да не им дозволат да ја напуштат територијата на Тајланд со купени бебиња.

Воената хунта, што ја презеде власта во Тајланд на 22 мај, соопшти дека се подготвува закон, според кој, комерцијалното изнајмување на жените во Тајланд за сурогат мајки ќе се смета за криминал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач