Во Тајланд е изградена најдолгата куќа на 21 век, која зафаќа 1.592 квадратни метри.
Куќата се состои од главен дел во облик на коцка и две хоризонтални плочи долги 150 метри и широки 11 метри.
Станува збор за викендица, која е проектирана минатата година. Куќата е изградена на рид, во шумскиот парк на Тајланд.
Сите соби се поставени линеарно помеѓу плочата и според нивниот распоред доаѓа до израз панорамскиот поглед.
Елена Георгиевска