Во светот приближно 50 милиони луѓе заразени со Ковид-19

Од:

Бројот на новозаразени луѓе со Ковид-19 во светот се искачи на 49.685.311.

Новиот коронавирус е присутен во повеќе од 210 држави, во кои од последици од заразата починаа 1.249.030 луѓе.

Според бројот на инфицирани на прво место е САД со 10.059.782 заразени луѓе, а потоа следат Индија – 8,4 и Бразил со 5,6 милиони заразени. Додека во Русија,Франција, Шпанија, Аргентина, Велика Британија и Колумбија бројот на инфицирани се движи од еден до два милиона луѓе.

Најголем број на смртни случаи се регистрирани во САД (околу 236.000 луѓе), потоа следат Бразил (162.000) и Индија (125.000).

Но, според бројот на починати на 10.000 жители на прво место е Белгија (10,95 проценти), потоа следат Перу (10,64), Шпанија (8,3), Боливија и Бразил (7,72 отсто).

Би можело да ве интересира

Бил Гејтс предвидува дека следната пандемија би можела да биде посмртоносна од ковидот

Катерина Ѓуровски

СЗО: Епидемиите на ендемски болести стануваат се почести и поупорни

Пандемијата на Ковид-19 не е последна за човештвото – Гутереш го подготвува светот

СЗО: Светот да се обедини и да донесе тешки одлуки за да се стави крај на пандемијата во 2022

А1он

ОН: Сиромашните земји со години ќе се борат со пандемиската криза

А1он

Повеќе од 4,75 милиони луѓе во светот починаа од коронавирус

А1он