Во светот од Ковид-19 починале над 1,9 милиони луѓе

Од:

Според последните податоци, во светот од последици на коронавирусот починале повеќе од 1,9 милиони луѓе.

Најголем број смртни случаи се потврдени во САД – 373.069, каде во изминатите 24 часа починале над 4.000 лица, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата. На второ место се наоѓа Бразил, каде досега починале над 200.000 луѓе. Во доцната фаза на клинички испитувања спроведени во Бразил, вакцината против Ковид-19, која ја разви кинеската компанија Синовак, покажа ефикасност од 78 отсто. Бразилскиот Институт Бутантан очекува 46 милиони дози од вакцината да бидат достапни овој месец, доколку биде одобрено од Националната агенција за лекови.

На трето место по бројот на починати е Индија со повеќе од 150.000 жртви, а на четврто место се наоѓа Мексико со речиси 130.000 смртни случаи.

Во Европа најголем број починати од коронавирус има Велика Британија – 78.508, следува Италија со повеќе од 77.000, потоа Франција со 66.841, Русија со над 60.000 и Шпанија со околу 52.000 смртни случаја.

Во светот од почетокот на пандемијата на Ковид-19 се заразени повеќе од 88 милиони лица, а вакцинацијата која започна кон крајот на минатата година во повеќето земји во светот, дава надеж дека заразата ќе биде спречена во текот на 2021 година.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана