Во судири помеѓу две ривалски групи демонстранти во Ирак загинаа најмалку шест лица

Од:

Приврзаниците на ирачкиот шиитски свештеник Моктада ал Садр убија шест лица за време на синоќешните судири со демонстрантите во Насирија, јужен Ирак.

Демонстрантите кои протестираа против ирачката Влада ги обвинија приврзаниците на Садр дека отвориле оган врз нив при што загинаа шест луѓе, а повредени се 60 лица.

Приврзаниците на Садр синоќа ги запалиле шаторите на демонстрантите на плоштадот Хабуби, а демонстрантите утрово повторно се собраа наплоштадот за да изразат поддршка на соборците кои трагично го загубија животот во судирите.

Насирија беше центар на протестното движење покренато во октомври 2019 година против Владата, за која тврдат дека е корумпирана, неспособна и зависна од соседен Иран. Исто така Насирија е едно од местата на најкрвави инциденти за време на бунтот, каде пред една година беа убиени повеќе десетици луѓе поврзани со демонстрациите.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија