Во Судан затворени училиштата поради антивладини демонстрации

Од:

Властите во Судан ги затворија училиштата во државата до 30 септември откако за време на тридневните демонстрации против економските мерки на Владата загинаа најмалку три лица.

Незадоволството почна заради укинувањето на субвенциите за гориво.

Демонстранти денеска го блокираа патот до аеродромот во Картум и голем број автомобили беа опожарени. Интернет врските со Картум се прекинати иако не се знае дали е тоа оштетување или мерка преземена од властите.

Полицијата се обидува да ги растера демонстрантите употребувајќи солзавец. Уапсени се најмалку 20 луѓе.

Во немирите во градот Ваад Медани вчера загинаа две лица и беа опожарени неколку згради. Една жртва имаше и во Омдурман каде демонстрантите бараа оставка од Владата.

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on