Во Судан протести против мировните преговори под патронат на ОН

Од:

Неколку илјади лица денеска излегоа на протест пред седиштето на ОН во Картум, осудувајќи ги разговорите организирани под покровителство на светската организација со цел да се реши кризата во земјата, до која дојде по воениот удар, јавуваат француските медиуми.

Демонстрантите носат транспаренти против пратеникот на ОН, Волкер Пертес, кој неодамна почна индиректни разговори меѓу цивилите и војниците.

-Го отфрламе странското мешање во работите на нашата земја, изјавија демонстрантите.

Канцеларијата на ОН во Судан понуди да прими делегација демонстранти, но тие одбија.

Пертес на 10 јануари го соопшти почетокот на разговорите меѓу ОН и локалните актери за „да им помогне на Суданците да постигнат договор за надминување на кризата“, по државниот удар на крајот на октомври.

Од почетокот на протестите против воените власти и државниот удар извршен на 25 октомври, во демонстрациите досега загинаа 77 лица.

Суданската армија пред повеќе од две години од власта го отстрани долгогодишниот автократски претседател, Омар ал Башир, а потоа беше формирана воено-цивилната влада на премиерот Абдала Хамдок. Но, на 25 октомври минатата година беше извршен втор државен удар, по кој во земјата владее хаос.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on