Во Судан околу седум милиони деца не одат на училиште

Од:

Судан се соочува со генерациска катастрофа, бидејќи околу седум милиони деца немаат настава поради поплавите, гладот ​​и нестабилната ситуација во таа земја, објави денеска „Гардијан“.

Хуманитарните групи предупредуваат дека третина од децата во Судан не одат на училиште, додека останатите немаат доволно наставници.

Најтешка е ситуацијата во Централен Дарфур, каде 63 отсто од децата не одат на училиште, потоа 58 отсто во Западен Дарфур и 56 отсто во Источна Касала.

Според УНИЦЕФ, во Судан 70 отсто од 10-годишните деца не знаат да прочитаат едноставна реченица.

Училиштата во делови на Судан повторно беа отворени оваа недела откако беа затворени поради поплави, но милиони деца сè уште не можат да одат на училиште.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on