Префектот на Долна Рајна, Жозиан Шевалие, како што објави префектурата во соопштение за печатот, издаде декрет со кој се забрануваат секакви „непријавени демонстрации“ на конвои против вакцини во близина на Европскиот парламент, кој оваа недела се состанува на пленарна сесија во Стразбур, јави дописникот на МИА.
-Се чини дека се формираа неколку патни конвои за да стигнат до Стразбур со наведена цел (…) да се приклучат на европските институции и да го попречат патниот сообраќај, посочува префектурата. Откако се собраа во Париз во саботата, дел од конвоите противници на здравствените ограничувања, самонаречени „конвои на слободата“, вчера тргнаа кон Брисел, а некои ја споменаа идејата за одење кон Стразбур.
-Мојата прва грижа е да ја заштитам сесијата на Парламентот, која мора да се одржи во добри услови до четврток навечер, подвлече префектот. Така, припадници на полицијата се распоредени околу „европските институции кои се веќе под надзор“ и „пошироко, сите патишта што водат кон Стразбур“, прецизира таа, велејќи дека не знае колкав е бројот на демонстрантите кои би можеле да се приближат на главниот град на Алзас. „Префектот дал инструкции за цврстина“, подвлекува од своја страна префектурата која забележува дека силите на редот ќе можат „да ги вербализираат и апсат престапниците“.
Повикувајќи се на „ризиците од нарушување на јавниот ред“, префектурата укажува дека оваа забрана за демонстрации е донесена „за време на месечната пленарна сесија“ на Европскиот парламент, односно до четврток навечер. „Попречување или попречување на пат отворен за јавен сообраќај се казнува со две години затвор, парична казна од 4.500 евра, имобилизација и одземање на користеното возило“, потсетува таа. Овој прекршок може да се казни и со „намалување на максималниот број бодови на возачката дозвола за половина“ и „суспендирање на возачката дозвола во период од најмногу три години“, прецизира таа. Што се однесува до организаторот на забранети демонстрации, „може да биде казнет со шест месеци затвор и парична казна од 7.500 евра“,префектурата.
Извор: МИА