Во Средоземно Море за викендот загинаа над 200 мигранти

Од:

Над 200 мигранти за време на викендот загинаа во водите на Средоземно Море, изјавија преживеани лица.

На брегот на Либија досега се пронајдени неколку безживотни тела, меѓу кои и тело на бебе.

– Од четвртокот до денеска околу 7.500 луѓе се спасени во близина на брегот на Либија, соопшти припадници на италијанската и либиската крајбрежна стража.

Две групи на преживеани мигранти изјавија дека стотина се удавиле откако нивните чамци почнале да се издишуваат пред да стигнат спасувачките служби.

– Повеќе од 60 лица загинаа, а три тела се извлечени во саботата, изјавија спасените мигранти кои беа однесени на Сицилија.

Чамецот со 120 луѓе тргнал од Либија на пат којн Европа.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски