Во Словенија уапсени двајца руски шпиони

Од:

Словенечката разузнавачка и безбедносна служба СОВА во Љубљана откри двајца странски државјани осомничени дека шпионирале за Русија. При апсењето било утврдено дека еден од осомничените живее под лажен идентитет и има аргентински пасош.

Двете лица се уапсени, а во апсењето учествувало и Националното биро за истраги, јавува порталот 24ур.

Истрагата се води поради сомнение дека е сторено кривично дело шпионажа за странска разузнавачка служба и кривично дело проверка на невистинита содржина. За кривичното дело шпионажа им се заканува затворска казна од шест месеци до пет години, а за кривичното дело проверка на невистинита содржина затворска казна до три години.

Се претпоставува дека станува збор за агенти „спијачи“ кои работеле за руската воена разузнавачка служба ГРУ.

Поради чувствителноста на информациите, истражните органи во Словенија засега не соопштуваат ништо за овој случај.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија