Во Словенија не е забележан ниту еден случај на сезонски грип

Од:

Оваа сезона во Словенија не се пријавени случаи на сезонски грип, иако болеста во голема мерка беше присутна во исто време минатата година.

Експертите предупредуваат дека отсуството на потврдени случаи може да биде резултат на намалени контроли поради сегашната пандемија на коронавирус, пренесува СТА.

Се посочува дека Националниот институт за јавно здравје не забележал ниту еден случај на грип до 27 декември, но и дека бројот на тестови за грип и други респираторни заболувања значително опаднал во споредба со истиот период минатата година.

Бројот на други вирусни инфекции исто така е намален, а состојбата е слична во повеќето европски земји.

Би можело да ве интересира

Висок интензитет на вирусот на грип во овој период, најмногу заболени во Скопје и Струмица

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Се зголемува бројот на заболени од грип

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Вкупно 139 случаи на грип пријавени минатата недела

Катерина Ѓуровски

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг