Во Словачка уште едно намалување на цените во железничкиот сообраќај

Од:

Словачката Влада на премиерот Роберт Фицо воведе уште една мерка на поевтинување на железничкиот превоз, пренесе дописникот на МИА од Прага.

По минатогодишното воведување на бесплатни билети за возење со воз за ученици, студенти и пензионери, од февруари е воведен и педесет процентен попуст на неделни и месечни билети.

Иако луѓето кои редовно го користат железничкиот сообраќај ги поздравуваат мерките, луѓето кои патуваат со автобус или автомобил, сметаат дека тоа е неправедно фаворизирање на одредена одбрана група.

Одлуката на премиерот Фицо е критикувана и од опозицијата, која смета дека носењето на мерки за масовни попусти, една година пред оддржување на парламентарни избори е со цел да се купат што повеќе гласови.

За поевтинувањето на цените на железничкиот сообраќај, словачката Влада ќе треба да одвои околу 1,3 милиони евра од Буџетот. Очекувањата се дека со мерките, дел од луѓето кои досега патувале со автобус ќе почнат да го користат железничкиот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти