Во Словачка се урна хеликоптер на итна помош, четворица загинати

Од:

Тројца спасувачи и еден пациент загинаа кога доцна синоќа се урна хеликоптер на итна помош во Словачка.

Спасувачката служба „Ер Транспорт Европа“ соопшти дека хеликоптерот се урнал во близина на селото Стрелники, набрзо откако леталото Бел 429 полетало со пациентот со скршена нога кон локалната болница.

Портпаролката на спасувачката служба Зузана Хопјакова изјави дека потрагата по урнатиот хеликоптер траела повеќе часови и во рано изутринава бил лоциран во густата шума.

Се уште не е позната причината за падот на хеликоптерот, кој утрово е пронајден на 240 километри од Братислава.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти