Во Словачка прв смртен случај од Ковид-19 од мај

Од:

Во Словачка во последните 24 часа е регистриран првиот нов смртен случај од Ковид-19 по 15 мај, а заразени се уште 27 лица.

Од почетокот на пандемијата, коронавирусот во Словачка е потврден кај 2.292 лица, од кои 29 пациенти ја изгубиле битката со болеста.

Во моментов во болниците има 15 лица за кои е потврдено дека имаат Ковид-19 и уште 16 кај кои тоа не е случај, при што двајца пациенти се сместени на одделенија за интензивна нега.

Во моментов има 568 активни случаи на заразата.

Би можело да ве интересира

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент

Ешток: Словачка е на работ на граѓанска војна

Горан Наумовски