Најмалку 43 цивили загинаа во воздушниот напад на сириската армија на територијата која е под контрола на џихадистите од Исламска држава, соопшти денеска сириската Опсерваторија за човекови права.
– Цел на нападите бил сточниот пазар во областа Тал Хамис, која е под контрола на ИД , соопшти Организацијата.
Тал Хамис се наоѓа во провинцијата Хасекех, чиуј поголем дел е под контрола на припадниците на сириските власти и курдските сили, но некои подрачја се под контрола на џихадистите.
Опсерваторија за човекови права претходно соопшти дека во воздушните напади во истото подрачје вчера загинаа 27 луѓе.