Во Сингапур запленети 12,7 тони оклопи од панголин вредни 38 милиони долари

Од:

Сингапурските власти денеска соопштија дека заплениле 12,7 тони оклопи од цицачите панголин, сокриени во 12-метарски бродски контејнер на кој стоело дека содржи семки од кајсија.

Вредноста на откриените оклопи, кои биле распоредени во 474 вреќи, е проценета на 38 милиони долари.

Ова е втора поголема заплена на оклопи од панголин во последниве пет дена, откако минатата недела беа откриени 12,9 тони сокриени во контејнер со замрзнато говедско месо.

Крајната дестинација на двата контејнери била Нигерија, но засега нема сознанија дали станува збор за поврзани случаи.

Експертите процениле дека запленетите оклопи им припаѓале на над 17.000 панголини од два различни вида.

Според Светскиот фонд за природата, панголините се еден од најчесто шверцуваните цицачи во светот. Панголините се цицачи на редот Pholidota, кои живеат во Азија и Африка. Овие животни се со големина од 30 до 100 сантиметри. Нивните оклопи се од истиот кератин како и човечките нокти и тие се користат во традиционалната медицина како лек за голем број болести, од астма, па до артритис. Месото од панголин важи за деликатес во Кина и Виетнам.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еден мртов и над 30 повредени поради силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур

Катерина Ѓуровски

Во Сингапур уапсени 10 странци за фалсификување на 700 милиони долари

Њујорк и Сингапур најскапи градови во светот во 2022 година

Ана Ололовска

Сингапур ќе го укине законот со кој се забрануваат хомосексуални односи

Ана Ололовска

Вежби на армиите на САД, Индонезија, Австралија, Јапонија и на Сингапур на островот Суматра

Ана Ололовска

Во Сингапур направен ПЦР тест кој го открива Омикрон

Ана Ололовска