Во Сиднеј најлош ден од пандемијата, петмина починати и најмногу заразени за 24 часа

Од:

Властите во Сиднеј соопштија дека денеска е најлошиот ден од пандемијата на Ковид -19, со пет смртни случаи за 24 часа и рекордно зголемување на локалните инфекции, во време кога градот е во карантин неколку недели како мерка за борба против позаразната Делта варијанта на вирусот.

„Четворица од петте починати не биле вакцинирани, додека едниот ја примил првата доза“, соопштија здравствените власти во австралиската држава Нов Јужен Велс.

– Ве молам, сега е време да размислите одлучно за вакцинацијата, а тоа првенствено се однесува на постарите лица кои не се имунизирани, рече Кери Чент, највисокиот здравствен службеник во Нов Јужен Велс.

Властите, исто така, најавија еднонеделно затворање од вечерва во регионот северно од Сиднеј, каде што се наоѓа вториот по големина град во Њукасл, откако се пријавени нови случаи и пронајдени траги од вирусот во канализацијата.

Според денешниот извештај, 259 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Сиднеј, од 262 пријавени во целиот Нов Јужен Велс.

Премиерката Гледис Береџиклијан ја поврза стапката на вакцинација со ублажувањето на ограничувањата до 28 август, поставувајќи цел од шест милиони дози до крајот на месецот, што ќе опфати половина од возрасната популација на земјата, која досега примила околу четири милиони вакцини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

(ВИДЕО) Нов инцидент во Сиднеј: Маж облечен во црно напаѓа луѓе во црква

Горан Наумовски

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе