Во Шведска и во Велика Британија забележана најниската температура во јануари

Од:

Во Шведска денеска е забележана најниската температура овој месец минус 39,5 степени Целзиусови, објави шведскиот хидрометеоролошки завод.

Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт соопшти дека таа температура е измерена на местото Никалуокта во Лапонија, која ги опфаќа северните делови на Норвешка, Шведска и Финска.

– Во просек, јануари во Шведска бил потопол од вообичаеното, додаде институтот.

Најниската температура досега измерена во Шведска е минус 52,6 степени, забележана во 1966 година во Лапонија.

Во Велика Британија, претходната ноќ беше најстудена оваа зима, со минус 11 степени во Шкотска.

Поради студеното време откажани се тргнувањата на возовите, додека летовите во Манчестер и Ливерпул вчера беа откажани.

Би можело да ве интересира

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски