Во Шпанија уапсена е банда составена од Украинци и Руси која ограбувала бегалци

Од:

Шпанската полиција уапсила 10 членови на криминална банда која ограбувала бегалци од Украина, пренесува шпански „Паис“.

Акцијата на специјалната полициска единица, која започна во мај минатата година, заврши со апсење на 10 членови на оваа криминална група, кои се товарат за најмалку седум кражби.

Полицијата од бандитите запленила 1,25 милиони евра готовина и разни луксузни предмети.

Од 10-те уапсени, седум се Украинци, а тројца се Руси. Тие упаднале во куќи во Торевиеја и Орихуела. Сите жртви биле богати украински бегалци кои чувале скапоцености дома.

Разбојништвата, од кои некои биле извршени сред бел ден, не оставиле никаква трага освен мало оштетување на бравите и секогаш се случувале додека сопствениците биле далеку од своите домови.

Покрај пари, крадците украле и накит, часовници, чанти, парфеми и брендирани очила или мобилни телефони и компјутери.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

Полицијата уапсиле четворица крадци од Радовиш