Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Од:

Џуд Мекфи се изјасни за виновен за убиството на Вилијам Лајпер, чие изгорено тело беше пронајдено во близина на детско игралиште во парк во Полок, Глазгов.

Мекфи (42) го нападна и уби Лајпер (31) во август 2021 година. Потоа неговото тело го пренесе во парк и го запалил. Изгорените останки на жртвата беа пронајдени на 4 август, пишува Sky News.

Вчера Мекфи се изјасни за виновен за убиство од небрежност пред судот во Глазгов.

Соучесникот Кристофер О’Рајли (27) се изјасни за виновен за обид за попречување на правдата по убиството.

„Ова беше особено брутален напад и одговорните се обидоа да го прикријат злосторството. Тие оставија изгорено тело во паркот спроти детско игралиште“, рече детективката Сузане МекНулти, од главниот истражен тим на полицијата во Шкотска.

Би можело да ве интересира

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

По петдневна потрага полицијата го уапси убиецот Емир Селимовиќ

Горан Наумовски

Граѓаните уплашени на местото каде што полицијата трага по монструмот Селимовиќ: „Може да ни дојде на врата“

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Убиство во кафе бар во градот Србица, причина е расправија за имот

А1он

Еден мртов, двајца повредени во престрелката во Чаир – детали од МВР и од Обвинителство

Катерина Ѓуровски