Во серија бомбашки напади во Багдад убиени 26 лица

Од:

Во серија бомбашки напади, кои се случија синоќа во кафулиња во Багдад и неговата околина се убиени најмалку 26 лица, а повеќе десетици се повредени.

Нападите се случиле речиси еден по друг, додека кафулињата биле полни со гости, кои следеле фудбалски натпревар.

Полицијата соопшти дека пет лица се убиени во мнозинско сунитскиот кварт Азамија, а уште три се убиени во мнозинскиот шиитски кварт Ум ал Малиф.

Уште една експлозија се случи во шиитскиот град Џбала, околу 50 километри јужно од Багдад, а во неа загинале осум лица, додека во Бакуба се убиени десет лица во експлозија во едно кафуле.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија