Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 12 војници

Од:

Најмалку 12 регрути на авганистанската армија загинаа денеска во самоубиствен бомбашки напад во градот Џалалабад, соопштија здравствените власти.

Директорот на градската болница, Ахсанула Шинуари изјави дека се донесени 12 тела, а според него 38 лица се повредени, од кои повеќето се наоѓаат во тешка состојба.

Сите жртви биле регрути на авганистанската армија и патувале со автобус во околината на Џалалабад, главен град на провинцијата Нангархар.

Според првичните информации, напаѓачот удрил со мотор во автобусот, активирајќи го експлозивот.

Засега никој не преземал одговорност за нападот.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан