Во самоубиствен напад во Авганистан загинаа 20 лица

Од:

Во самоубиствен напад врз патрола на меѓународните сили во Авганистан загинаа 20 лица, вклучувајќи и тројца членови на меѓународни сили (ИСАФ) и нивниот преведувач, а 62 беа повредени, соопштија официјални лица.

Талибанските бунтовници ја презедоа одговорноста за нападот во близина на пазарот во источниот град Кост кога се убиени шест авганистански полицајци и 10 цивили а 62 се повредени, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата Барјалаи Раван.

Портпаролот на ИСАФ Адам Војак ја потврди смртта на припадниците на мисијата, но не сакаше да зборува за локацијата на нападот и националноста на жртвите.

Експлозијата се случила во 08:30 по локално време, кога бомбаш-самоубиец на моторцикл како цел на нападот ги зел меѓународните сили кои патролираат во Кост, во раздвижениот дел од градот.

Портпаролот на Талибанците, Забиула Муџахид изјави, во пораката упатена до медиумите дека групата ја презема одговорноста за нападот.

Овој нападот го зголеми бројот на жртвите меѓу ИСАФ на 347 во оваа година. НАТО е присутен во Авганистан, со околу 100.000 војници кои се борат против талибанците, а се планира да се повлечат до крајот на 2014 година.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан