Во САД за еден ден откажани речиси 1.200 летови поради Ковид-19

Од:

Американските авиокомпании откажаа речиси 1.200 летови во неделата бидејќи голем број пилоти и членови на екипажот се во изолација поради Ковид-19.

Комерцијалните авиокомпании откажаа 1.171 лет во, до или од САД , според податоците на FlightAware.com.

Тоа е трет ден по ред со голем број откажани летови во САД. За Божик беа откажани 997 летови, а за Бадник речиси 700.

Божиќните празници во САД се совпаднаа со растечкиот број случаи на позаразната варијанта на Ковид-19 – Омикрон, која сочинува три четвртини од случаите во земјата.

Поради Омикрон, кој е со помала веројатност за хоспитализација од претходните варијанти, бројот на случаи се зголеми за 45 отсто на просечно 179.000 дневно во САД.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри што предизвикало приземјување на сите летови во САД минатата недела

Ана Ололовска

Паника на европските аеродроми: Кинеска ракета лета кон нас надвор од контрола, летовите се откажани

А1он

ВИДЕО: Хаос во Денвер, голема снежна бура откажа над 2000 лета

Катерина Ѓуровски

Во САД задолжително носење маски во јавен превоз

Eден милион Американци веќе ја примија првата доза на вакцина против Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Австрија укинува летови до Кина до 9 февруари