Во САД уапсени четворица Кинези поради измама со визи

Од:

САД поднесоа обвинение против четворица кинески државјани за наводна измама околу американските визи и за наводно лажење дека се членови на кинеските вооружени сили.

Тројца од нив се уапсени, а ФБИ трага по четвртиот кинески државјанин, кој, наводно, е во кинескиот Конзулат во Сан Франциско.

Агентите на ФБИ, поради целиот случај, сослушуваат сведоци во 25 града кои не пријавиле дека припаѓаат на кинеската војска.

Според истражителите, тоа е дел од кинескиот план да ги испратат кинески научници во САД, со цел „да ги искористат академските институции“.

Апсењата се случија откако неодамна беше објавено дека уште една кинеска научничка побарала заштита во Конзулатот во Сан Франциско.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак