Во САД се зголемува бројот на хоспитализирани деца поради омикрон

Од:

Илјадници деца во САД се хоспитализирани поради сојот омикрон, па експертите стравуваат дека голем број невакцинирани Американци помлади од 18 години ќе поминат низ новиот бран на пандемијата на Ковид-19.

Просечниот дневен број на хоспитализирани деца во периодот од 21 до 27 декември се зголеми за над 58 отсто на национално ниво, достигнувајќи 334, во споредба со 19 отсто за сите возрасни групи, покажуваат податоците на Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Помалку од 25 проценти од 74 милиони Американци на возраст под 18 години се вакцинирани против коронавирусот, соопшти ЦДЦ.

Училиштата ќе бидат отворени следната недела по празниците, па се очекува зголемување на бројот на заразени.

Лекарите велат дека е премногу рано да се каже дали омикрон предизвикува потешка болест кај децата за разлика од другите варијанти на коронавирусот, но тој е многу заразен што е клучен фактор кој придонесува за зголемување на бројот на хоспитализирани.

– Ќе зарази повеќе луѓе и тоа се случува. Гледаме дека расте бројот, гледаме повеќе хоспитализирани деца, истакна Џенифер Навак, педијатар и специјалист за заразни болести при Медицинскиот центар на Универзитетот Рочестер, предупредувајќи дека децата под пет години не се вакцинирани.

Дури и во Њујорк, кој има една од највисоките стапки на вакцинација во земјата, само 40 отсто од децата на возраст од пет до 17 години се целосно вакцинирани во споредба со над 80 отсто од возрасните, тврдат градските власти.

САД не одобриле ниту една вакцина против Ковид-19 за деца под пет години.

Инфекцијата меѓу децата се шири и во други делови на САД.

Охајо пријави 125 отсто зголемување на бројот на хоспитализирани деца под 17-годишна возраст во изминатите четири недели.

Флорида, Њу Џерси и Илиноис потврдија најмалку двојно зголемување на просечниот седумдневен број на хоспитализирани малолетни пациенти во изминатата недела, наведува ЦДЦ.

Лекарите велат дека децата кои се хоспитализирани поради Ковид-19 имаат проблеми со дишењето, висока температура и се дехидрирани.

Истражувањата покажуваат дека значителен број на инфекции кај децата се случиле надвор од училиштата. Експертите очекуваат повеќе заразени деца по празничните прослави.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија