Во Русија зачестени самоубиства на заболени од рак

Од:

Руски здравствени официјални лица ги повикаа сите кои не можат да дојдат до неопходни лекови против болки заради рак, директно да го контактираат Министерството за здравство. Изјавата беше дадена откако зачестија самоубиствата на пациенти заболени од рак.

Повеќе од 10 луѓе заболени од рак извршија самоубиство во Москва во изминатите четири месеци, а меѓу нив се кардиолог и професор по психологија. Последното во низа самоубиство се случи минатата недела кога се обеси 36-годишен маж.

За многумина од нив се смета дека имале неподносливи болки.

Портпарол на Министерството во изјава за радио станица рече дека на многу клиники не се даваат лекови против болки како што е морфиум, иако би требало. Тој рече дека заболените од рак кои не можат да добијат лекови против болки да го контактираат министерството преку телефон или преку електронска пошта.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он