Во Русија три дена по ред има над 20 илјади новозаразени од Ковид-19

Од:

Русија има денеска 20.498 нови случаи на ковид-19, и ова е трет ден по ред бројот на новозаразени да е поголем од 20.000, објави кризниот штаб.

Вкупниот број на заразените лица во Русија во моментов е 1.774.334, додека 30.537 пациенти починале како резултат на ковид-19 досега, од кои 286 се регистрирани денес.

Тоа е за речиси сто помалку од претходниот ден, кога властите потврдија 364 смртни случаи како резултат на инфекција со коронавирусот, пренесува ТАСС.

Бројот на луѓето излекувани од ковид-19 се зголеми на 1.324.419.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари

Лавров: Помошта за Украина се обезбедува врз основа на кражба на руски имот и на штета на развојот