Во Русија произведена првата серија од вакцината „Спутник V“ за цивилна употреба

Од:

Во Русија е произведена првата серија од вакцината „Спутник V“ за цивилна употреба, а наскоро ќе следи и дистрибуцијата низ сите региони во земјата.

Руското Министерство за здравство соопшти дека вакцината „Спутник V“ за коронавирус, изработена од Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, ги минала тестовите во лабораториите на Федералната здравствена служба (Росздравнадзор) и дека е произведена за цивилна употреба.

Претходно, рускиот министер за здравство Михаил Мураско објасни дека производството на вакцината за цивилна употреба во оваа фаза значи дека ќе бидат вакцинирани граѓаните од ризичните групи, првенствено лекарите и наставниците, а вакцинацијата ќе се изврши истовремено со последната фаза од клиничките испитувања.

На 11 август Русија стана првата земја во светот што регистрира вакцина против коронавирусот. „Спутник V“ во јуни и јули мина низ две фази од клиничките испитувања, а последната, трета фаза ќе се спроведе по регистрацијата на вакцината.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он