Во Русија повеќе од 10.000 новозаразени од Ковид-19 за 24 часа

Од:

Во Русија во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 10.000 новозаразени со вирусот Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 155.370, соопшти Кризниот центар за борба против коронавирусот.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, во последното деноноќие починале 96 лица. Вкупниот број починати како последица на вирусот изнесува 1.451.

Излекувани се речиси 20.000 пациенти.

Според податоците на Кризниот штаб, дневниот раст на нови случаи достигнал седум проценти, при што речиси 50 отсто од новодијагностицираните или 4.961 позитивни за Ковид-19 се асимптоматски случаи.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски