Во Романија казни за шпекулантите на пазарите на електрична енергија и гас

Од:

Романската Влада најави казни за шпекулантите на пазарите на електрична енергија и природен гас, со цел да спречи зголемување на и онака високите цени и да обезбеди дополнителен извор на приходи за да им помогне на граѓаните и бизнисите со високите цени на енергијата.

Казните би биле пет отсто од прометот доколку се утврди дека преку последователни трансакции ги зголемувале цените на енергенсите.

– Мерките ќе ги спречат шпекулациите на пазарите на електрична енергија и природен гас, истакна романскиот премиер Николае Качу.

Романската влада минатата недела објави дека размислува за воведување данок на дополнителната заработка на сите компании во синџирот на снабдување со енергија, барајќи дополнителни извори на приходи за финансирање на помошта за граѓаните и малите бизниси со високи сметки за енергија.

Сметките за гас и електрична енергија се ограничени на одредено ниво на месечна потрошувачка, а Владата им ја надоместува разликата на добавувачите. Програмата вчера беше продолжена за пет месеци, до крајот на август следната година, но Владата го намали нивото на потрошувачка што гарантира 15 отсто пониска цена.

Владата исто така најави формирање фонд за енергетска транзиција, што ќе се финансира од даноците на производителите и трговците на енергенси и гас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ