Италијанската полиција денеска упаси 26 лица и конфискува повеќе од 600 килограми кокаин и хашиш. Уапсените биле членови на наркобанда поврзана со колумбиските картели.
Групата била раководена од босови на калабриската мафија Ндрангента од градот Сан Лука, јужна Италија. Групата имала логистички бази во Џенова, во Милано и во Торино.
Началникот на финансиската полиција во Рим, Козимо ди Гезу изјави четворица членови на групата се уапсени во Шпанија, а само еден на слобода.
Нарко групата за да воспостави контрола врз наркопазарот во Рим пред две година создал одред чија задача била да ги елиминира босовите на конкурентските банди. Еден од членовите на групата бил уапсен и тој ги дал информациите кои довеле до денешното апсење.