Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Од:

Меѓу жртвите од разорниот земјотрес во Мјанмар е и 28-годишната госпоѓица Силиме, која загина под урнатините на луксузниот станбен комплекс Скај Вила во Мандалеј.

Во разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар на 28 март загинаа повеќе од три илјади луѓе, а повеќе од пет илјади беа повредени.

Стотици се уште се водат како исчезнати. Меѓу жртвите на оваа трагедија е и 28-годишната госпоѓица Силиме, која загина под урнатините на луксузниот станбен комплекс Скај Вила во Мандалеј.

Според извештајот на Need To Know, жената останала во зградата за да се обиде да го спаси детето, но зградата се урнала во земјотресот. Нејзиното тело беше пронајдено под урнатините неколку дена подоцна.

„Убавината и добрината на Силимe, како и нејзиниот храбар чин, засекогаш ќе останат во сеќавањето на оние кои ја познаваа и сакаа. Нејзината смрт е голема загуба не само за семејството, туку и за целата земја, која го загуби својот херој“, се вели во соопштението.

Силиме беше прва носителка на титулата „Мис туризам Мјанмар“, која ја освои во 2018 година. По победата на национално ниво, таа ја претставуваше својата земја на меѓународниот натпревар „Мис туризам на светот“.

Таа беше активна на социјалните мрежи, каде со околу 5.000 следбеници сподели детали од својот живот – патувања, настапи, но и секојдневни моменти.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Исланд го погодија два земјотреси со јачина од 5,2 и 5,3 степени

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски