Во рација во Либија уапсени 4.000 мигранти

Од:

Либиските власти извршија голема рација во западниот дел на земјата, што доведе до апсење на 4.000 мигранти, меѓу кои стотици жени и деца.

Рациите се спроведени во текот на вчерашниот ден во градот Гаргарес, како дел од „безбедносна кампања против илегалната миграција и трговијата со дрога“.

Министерството за внатрешни работи, кое ги спроведе рациите, не соопшти дека меѓу уапсените има трговци со луѓе или криумчари.

Властите вчера соопштија дека се приведени 500 илегални мигранти, но денеска наведоа дека бројката достигнала 4.000.

– Уапсените прво беа одведени во објект во Триполи, наречен Центар за собирање и враќање, изјави полицискиот полковник Нури ал Гретли, шеф на центарот.

Според него, тие потоа биле распоредени во притворските центри во Триполи и околните градови.

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски