Во рација на мексиканската полиција убиени шест лица

Од:

Во рација во куќа во мексиканската сојузна држава Веракруз полицијата  уби шест лица, седуммина уапси, а двајца заложници ослободи.

Судирот меѓу полицијата и криминалците се случи во градот Поса Рика, кога полицајците пристигнале во куќата по повикот за киднапирање, изјави неименуван локален претставник.

Откако полицајците пристигнале пред куќата врз нив бил отворен оган. По судирот полицијата во куќата пронашла оружје, справи за мачење, гранати и други предмети кои наведуваат на заклучок дека во куќата претстојувале припадници на исклучително насилниот наркокартел Зетас.

Веракруз е една од мексиканските сојузни држави кои е најпогодена од насилството меѓу наркокартелите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД