Во рација во куќа во мексиканската сојузна држава Веракруз полицијата уби шест лица, седуммина уапси, а двајца заложници ослободи.
Судирот меѓу полицијата и криминалците се случи во градот Поса Рика, кога полицајците пристигнале во куќата по повикот за киднапирање, изјави неименуван локален претставник.
Откако полицајците пристигнале пред куќата врз нив бил отворен оган. По судирот полицијата во куќата пронашла оружје, справи за мачење, гранати и други предмети кои наведуваат на заклучок дека во куќата претстојувале припадници на исклучително насилниот наркокартел Зетас.
Веракруз е една од мексиканските сојузни држави кои е најпогодена од насилството меѓу наркокартелите.