Во тек на бунт во затвор во Хондурас, убиени се три затвореници и повредени 15 лица од кои осум се чувари, соопштуваат официјални лица.
Инцидентот се случил кога во затворот Сан Педро Сула биле испратени 400 полицајци и војници да воспостават ред, но ги пречекала пукотница, рекол портпаролот на Националната полиција на Хондурас, пренесе „Асошиејтед прес“.
Според наводите по смирување на бунтот, полицијата во затворот запленила пушки, муниција за автоматско оружје и друг вид муниција.
Инаку затворот кој се наоѓа на околу 240 километри северно од престолнината Тегусигалпа, може да прими 1.300 затвореници, а во него се сместени 2.900.
Како што пренесе „Франс прес“, официјални лица навеле дека еден затвореник загинал од огнено оружје во тек на бунтот, додека за другите двајца не се знае причината за смртта.
Е.Г.