Во протестите во Судан загинаа 24 лица, над 100 повредени

Од:

Суданските безбедносни сили денеска употребија солзавец за да ги растераат демонстрантите кои протестираа против зајакнувањето на воената власт во Картум.

Илјадници демонстранти денеска повторно маршираат низ улиците на Картум и покрај целосниот прекин на телефонските комуникации и интернетот.

Во задушувањето на протестот и растерувањето на демонстрантите досега загинаа 24 лица, а повеќе од 100 се повредени.

Суданската војска ја презеде власта на 25 октомври, ја распушти преодната влада и уапси десетици функционери и политичари.

Со тоа беше прекината кревката планирана транзиција кон демократско владеење, повеќе од две недели откако народниот бунт принуди смена на долгогодишниот лидер Омар ал-Башир и неговата исламистичка влада.

Би можело да ве интересира

Најмалку 20 лица загинаа во авионска несреќа во Судан

Во напад на болница има 70 загинати

А1он

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Итно предупредување од ООН: „Судан на работ од граѓанска војна“

A1on