Во протестите во Авганистан загинаа најмалку четири лица

Од:

Најмалку четири лица загинаа, а 15 се повредени во вчерашните протести во Кабул, соопшти денеска болницата за итни случаи во главниот град на Авганистан.

Во протестите учествуваа повеќе од 1.000 лица кои бараа подобра безбедност во Кабул. Специјалните полициски сили употребија солзавец и водени топови со цел да ги спречат демонстрантите да стигнат до претседателската палата. Четворица полицајци се повредени откако демонстрантите фрлаа со камења.

Парламентарецот Абдул Хафиз Мансур тврди дека владините безбедносни сили убиле осум демонстранти.

Демонстрантите носеа фотографии од нападот со камион бомба, што се случи во средата, при што загинаа најмалку 90 лица, а 450 се повредени. Според нив одговорноста за нападот е на претседателот Гани и премиерот Абдула Абдула.

Би можело да ве интересира

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан