Во продажба 500 приватни острови ширум светот

Од:

Во светот од Грција до Централна Америка во овој момент се продаваат околу 500 приватни острови по различни цени во зависност од типот, положбата, површината и градежните објекти.

Страницата „Прајват ајландс онлајн“ и оваа година објави каталог на острови за продажба ширум светот, кои оваа година се околу 500.

Некои од понудените острови можно е да се изнајмат, а ноќевањето на еден од тие острови во Централна Америка чини 1.000 швајцарски франци.

Во Грција на продажба се дури 12 острови, меѓу кои е и Патроклос, со површина од 260 хектари, оддалечен 25 минути од Атина. Островот е ненаселен, со над 5.000 маслинови стебла. Неговата цена е 190 милиони евра.

Во продажба, меѓу останатите, е австралискиот остров Дејдрим, сместен на голем корален гребен, по цена од 108 милиони франци. На островот се наоѓа луксузен хотел, со инфраструктура која дозволува не повеќе од 300 гости.

Островот Носи Валиха, на северот на Мадагаскар, со површина од 385 хектари, се продава за 4,5 милиони франци. Островот изобилува со банани и манго.

На Карибите е на продажба ненаселен, недопрен остров Ронд Ајланд, по цена од 100 милиони франци.

На архипелагот Фиџи се продаба островче Јадуа од десет хектари, среде Тихиот Океан, а почетната цена е 5,4 милиони франци.

На канадското езеро Хурон се продава остров со површина од само 1,6 хектари по цена од 5,5 милиони франци.

Би можело да ве интересира

Макрон за средбата во Ријад: Трамп може повторно да започне корисен дијалог со Владимир Путин

Трамп по разговорите со Русите: Рејтингот на Зеленски е 4 проценти, мора да оди на избори

Маск сподели видео од Лавров и го пофали: Вака изгледа компетентно раководство

Сириец избоде пет лица на улица во Австрија, почина 14-годишник

Предраг Петровиќ

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

Путин и Трамп ќе се сретнат на крајот на февруари

Предраг Петровиќ