Во примероци облека од познати марки пронајдени опасни хемикалии

Од:

Еколошката организација Гринпис во рамки на истрагата, што ја спроведе откри поврзаност меѓу голем број фабрики за облека и загаденоста на водата.

Гринпис истражи најмалку 20 светски модни брендови, тестирајќи 141 парче облека, кои ги продаваат водечките модни брендови, како што се Зара, Метерсбонви, Келвин Клајн и Левис.

Сите производи се тестирани на нонилфенол етоксилати (НПЕ), кои се штетни за хормонскиот систем, некои примероци се тестирани на фталати кои се опасни за репродуктивните органи, а некои на канцерогените амини од т.н. азо бои.  Станува збор за хемикалии, кои се штетни за човековот здравје и за животната средина, пишува хрватскиот весник „Нови лист“.

Тестирањето покажало дека некои производи од познатите марки содржеле опасни хемикалии. Две третини од 141 примерок содржеле НПЕ, четири примероци содржеле високи дози на фталати, траги на канцерогените амини, кои настануваа со користење на азо боите се пронајдени во два производи на Зара.

Гринпис потоа побарал од тие компании да не ги третираат ткаеинините со опасни хемикалии. Најдобар начин тоа да се направи е нивна замена со други алтернативи, порачаа активистите на Гринпис и побараа компаниите да бидат транспарентни и да објаватат, што нивните доставувачи испуштаат во животната средина од своите фабрики.

Седум гооеми светски брендови, Пума, Најк, Адидад, ХиМ (H&M), МиС (M&S), ЦиА (C&A) и Ли-Нинг одлучија еколошки да го унапредат начинот на производство на облеката, бидејќи тоа од нив го побарале потрошувачите и еколошките активисти, тврди Гринпис.

Но компаниите, како Зара ги игнорираат апелите за промени, предупредува Гринпис. – Да ја повикаме Зара на детоксикација на модата. Не сакаме опасни хемикалии во нашата облека, ниту во нашите реки, порачаа еколошките активисти.

Би можело да ве интересира

АУЕ-ФОН со еко-акција „МЛАДИТЕ ЗА ПРИРОДАТА“, за подигнување на свеста за заштита на животната средина

А1он

САД продолжуваат со работата за еколошки и дипломатски решенија за поздрава планета

А1он

Бугарија и Албанија почнаа примена на договорот за еколошка соработка

А1он

Еколошки активисти блокираа четири моста во Лондон

А1он

Анализа на Грин тенк: На Западен Балкан му е потребен Фонд за фер транзиција кон зелена енергија

А1он

Худолин: Зелениот договор треба да биде вклучен во секоја сфера

А1он