Во престрелка меѓу наркокланови и полицијата во Мексико загинаа 15 луѓе

Од:

Најмалку 14 луѓе загинаа во серија престрелки на вооружени лица со полицијата во мексиканскиот град Рејноса што се наоѓа во близина на северната граница на државата.

Регионот е арена на насилства заради борбата за влијание меѓу конкурентските наркокланови Сетас и Картелот на Заливот.

Жртви на престрелката се десет вооружени напаѓачи, двајца федерални полицајци и две други лица. Се уште не е потврдено дали загинатите вооружени лица се поврзани со некој наркокартел.

Од почетокот на 2007 година кога тогашниот претседател Фелипе Калдерон ја распореди армијата да се справи со наркокартелите, брјот на жртви е над 85.000. Актуелниот претседател Енрике Пенја Нието кој презеде функција во крајот на 2012 година вети дека ќе стави крај на насилствата, но големи региони во државата се уште се под власт на наркокартелите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД